A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Only variable references should be returned by reference

Filename: core/Common.php

Line Number: 257

A PHP Error was encountered

Severity: Warning

Message: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone.

Filename: macedonian/system_lang.php

Line Number: 11

Физиотерапија
MKD ENG
Хотел Амбасадор Туристичка агенција Физиотерапија

Физиотерапија

Високо специјализиран центар за отстранување на секаков вид деформации на 'рбетниот столб:

- дискусхернија
- сколиоза
- спондилоза
- ишијалгија
- кифоза
- хемороиди
- остеопороза
- лошо телесно држење
- естетско обликување на телото
- укочени зглобови

Сето ова е под водство на искусниот академик проф. д-р сци. Ангел Џамбазовски

 

кој изминативе 17 години работи на лидерски позиции низ цела Европа

Најтешките деформации се лекуваат со 10 или 12 терапии (или 14 дена), но вообичаено не повеќе од 6-7.

Забелешка: Можете да не контактирате за ако имате било која од овие дијагнози.

Цени на ден:

Еднокреветна Соба:

Полн пансион и терапија ...................................... 82 евра

Двокреветна Соба:

Полн пансион и терапија ........................................65 евра по лице

Де лукс соба:

Полн пансион и терапија .......................................80 евра по лице

 

Хиропрактика

Други услуги во Хотелот (физиотерапеутски)

Хронични или акутни проблеми што ги третираме во центарот за интензивна нега и физиотерапија со хиропрактика кој е сместен во сутеренот од хотел "Амбасадор"

Физиотерапеутски интервенции за превентивни и хронични пречки:

- Сите дегенеративни заболувања на р`бетот: спондилози, дископатии, дискус хернии, лумбалгии, лумбоишиалгии, парези, главоболки.

- Сите видови на р`бетни деформации, како што се: кифози, сколиози, вдлабнати гради, икс нозе, о нозе, укочени зглобови, остеопорози, спуштени стапала и друго.

- Пречки со циркулацијата на крвта, проширени вени, хемороиди, умореност, претренираност, спортски повреди на мускулите и лигаментите и општо повреди.

- Одстранување на целулит и естетско обликување на тело, ортопедски вежби,местење на зглобови, хиропрактика.

Методи на третирање:

Сите видови на апликации, медицински масажи, термомаси, криотерапија, превентивни и медицински вежби, електротерапија, хидротерапија, подводни масажи, електронски купки и хиропрактика.

Сето тоа во најразлични физиотерапеутски комбинации под раководство на искусниот ред.проф.д-р. Ангел Џамбазовски (Doctor honoris causa) кој работел многу години низ Западна Европа, а посебно во Швајцарија, како шеф на институт за интензивна рехабилитација.

Цените се движат од 10 до 30 евра.

Само преглед од 10 до 20 евра.

Високи лечителни ефекти со 3-6 третмани.

Пошироки информации на рецепција.

Важно!
Во центарот за физиотерапија или на рецепцијата од хотелот можете да го набавите познатиот чудотворен препарат- под формата на крема ЏАМБОГАЛ. Погледнете го упатството!

 

Ред. проф. д-р Ангел Џамбазовски

Хиропрактичар и експерт за физиотерапија

Покрај тоа што е шеф на институтот за кинезиолошка антропологија на Скопскиот Универзитет ЌСв. Кирил и Методиј" професорот работи и во современиот Хотел "Амбасадор" особено во попладневните часови кој се наоѓа во центарот на Скопје, на тивко место покрај новиот Соборен Храм, каде што е сместен Центарот за интензивна рехабилитација во кој успешно се решаваат за кратко време сите видови изместувања на зглобовите на екстремитетите и р'бетот, трауматолошки повреди на лигаментите и меките ткива, ситуации после операции, фрактури, укочени зглобови, парези, дискусхернии, лумбалгии, спондилози, дегенеративни реуматични заболувања, р`бетни деформации, остеопорози, главоболки, вегетативни пречки, хроничен замор, различни форми на периартритиси, дегенеративни заболувања од реуматична природа, целулитис, болки во пределот на градниот кош, р'бетот, хемороиди, естетско обликување на тело, замор, претренираност, совети за спорт, исхрана и друго.

Центарот за интензивна физиотерапија уште е познат како центар за сколиози, располага со најсовремени комбинации на физиотерапеутски и хиропрактични комбинации, методи и постапки за брзо постигнување на високи лечителни ефекти, обично за 3-6 третмани или денови за сите погоре спомнати пречки-болести. Располага со иновации во физиотерапеутските постапки, особено за сите видови деформации на скелетот, за кои професорот Џамбазовски е прогласен за светски стручњак по Кембриџ, за Доктор Хонорис Кауза по ВТУ, за почесен Ректор, за хуманист, алтроист и.т.н. Има напишано преку 200 труда и 10 книги. Прв ја напишал кинезиолошка медицина во свет и прв зборува за естетска и ортопедска кинезиологија. 17 години работи низ Европски центри, а специјализација завршил во Швајцарија.

Се школувал и предавал во повеќе Европски центри и тоа: Москва, Софија, Загреб, Белград, Цирих, Минхен и.т.н. Своето клиничко искуство во период од повеќе од 30 години успеал да го поврзе практичното и теоретското искуство и да стигне до нови сознанија. Тој прв ја развил теоријата за преструктуирање на механизмите за структурата на движењата и употребил при грбачните заболувања на што се должи неговиот висок лечителен ефект. Искомбинирал нови препарати под формата на крема кои се одлично средство во одстранувањето на сите овие пречки, болести! Препаратот Џамбо-Гал е одлично средство кое ја помага циркулацијата на крв и овозможува проодноста на енергијата и кислородот во клетките, на тој начин се помага терморегулацијата и хранењето на ткивата. Препаратот Џамбо-Гал е сосема природна комбинација од препарати кој после неговото премачкување на телото го регулира крвотокот, протокот на енергија делува аналгетски, контраиндикации непознатиb Се бара купувач на рецептот или произведувач.

Има одлично уиграна физиотерапеутска екипа која заеднички делува во период од 20 години. Успешно професорот го заменуваат: Д-р. мед. Валентина Крстевска, Доц.д-р.мед. Митричка Џ. Старделова.